Светлана Цеца Ражнатовиќ наскоро ќе го ожени синот Вељко, па, како што рекла, подготовките за свадбата течат забрзано. Пејачката признала дека деновиве се им е турбо. А освен дека свадбата е закажана на 27 ноември и дека во еден ден ќе биде и регистрацијата и црквената венчавка, како и свадбата повеќе детали не сакала да открие.
„Не можам да ви кажам ништо, а и од каде ви е тоа дека Богдана ќе ја носи мојата венчаница ? Се пишува дека Вељко ќе носи униформа, и тоа е дезинформација. Јас не сум дала никакви изјави се се тоа претпоставки, знам дека сме медиумски експонирани, но нешто чуваме и за себе“, рекла Цеца.