Home » Цефас го одигра мечот на кариерата, Шкупи го „прегази“ Хeгелман

Цефас го одигра мечот на кариерата, Шкупи го „прегази“ Хeгелман

by Журнал.мк

Фудбалерите на Шкупи веќе можат да мислат на второто коли и Левски Софија. Поранешниот шампион во ПМФЛ одигра моќно на гостувањето во Литванија и над домашниот тим Хегелман извојува убедлива победа од 0-5 (0-4), во првиот натпревар од воведното коло во Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани и покрај проблемите со кои се соочува во пресрет на ова гостување, на терен покажаа моќ и квалитет, а особено блесна напаѓачот Реналдо Цефас. Јамајканецот го одигра натпреварот на кариерата и домашната мрежа ја затресе дури четири пати, по двапати во двете полувремиња. Покрај одличниот напаѓач во листата на стрелците за Шкупи се запиша и Куевен. 

Шкупи се наметна од првата минута и во ниту еден момент не се исплаши од предизвикот. Иако со многу проблеми околу составувањето на тимот, чаирчани одиграа одличен прв дел, Хeгелман преку Дангубиќ прв се закани, но по петнаесеттина минути македонскиот претставник се наметна. По акцијата на Дуду, брзиот Реналдо Цефас се проби од втор план и ја погоди мрежата на Шведкаускас (0-1)..

Постигнатиот гол воопшто не ги натера гостите да се повлечат. Хeгелман имаше фуриозни десетина минути и еден поништен погодок, а потоа пак на сцена стапи Шкупи. По убавата акција на Тимовски во 23. минута, Инацио Куевен мајсторски стрелаше и обезбеди 0-2. 

Голманот Ефремов се истакна со две интервенции во последните пет минути, а во судиското надополнување Шкупи пак покажа конкретност. Реналдо Цефас пак побегна и во манир на голем стрелец зголеми на 0-3, резултат со кој се замина на одмор. 

Чаирчани не отстапија од својот стил на игра ниту во второто полувреме. И покрај убедливата предност, Шкупи и во продолжението вршеше пресинг на противничка половина и одново ја натера домашната одбрана на грешка. По еден голем кикс на домашниот голман, Цефас одново ја погоди целта за веќе убедливи 0-4. Само шест минути подоцна Јамајканецот одново се најде во центарот на вниманието и со прецизен удар меѓу нозете на Сведкаускас ги постави конечните 0-5.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More