36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Централниот регистар ги послуша сметководителите, а не министерот

Најчитани вести

Рокот за поднесување годишна сметка сепак ќе биде продолжен, но не до 31 март како што бараа сметководителите, туку до 25 март до 24 часот, соопштија од Централниот регистар.

Како причина од Централниот регистар се наведува дека голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови, а оваа одлука воедно е во согласност со член 477 од Законот за трговски друштва,

Само пред неколку дена министерот за економија Крешник Бектеши беше дециден дека рокот нема да се продолжи бидејќи, по консултации со Министерството за финансии, УЈП и Централниот регистар, одлучиле дека сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата.

Тој и одговори на Комората на сметководители од каде побараа одлошување до 31 март од иститте причини поради кои е и денешната одлука на Централниот регистар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести