-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Централна изборна комисија: „ГЕРБ“ партијата на Борисов, во тесно водство на бугарските избори

Најчитани вести

Десноцентристичката партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои 23,9 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, покажаа податоците на Централната изборна комисија, по преброени 95 проценти од гласачките ливчиња.

Партијата на Бојко Борисов е во мала предност пред „Има таков народ“ (ИТН), на шоуменот Слави Трифонов која според резултатите од изборната комисија засега има освоено 23,66 проценти од гласовите.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) има добиено 13,63 проценти од гласовите, додека Демократска Бугарија 12,55 проценти.

Движењето за права и слободи (ДПС), освоиле 10,59 проценти проценти додека новиот левоцентристички сојуз „Стани! Мафија надвор!“, покренат од поранешната народна правобранителка Маја Манолова има 5,04 отсто од гласовите.

Во Парламентот повторно влегуваат 6 партии, како и на претходните избори. За партијата на Бојко Борисов како што покажале податоците, гласале 622.591 лице, за ИТН 616.076, за БСП 354.937, за ДБ-326 73, за ДПС 275.760 и за ИСМВ 131.371, пренесоа бугарските медиуми.

Тесниот резултат ја претставува длабоката поделба по долгогодишното владеење на Борисов, во услови на зголемен гнев поради раширената корупција во Бугарија, како најсиромашната членка на ЕУ, анализираат медиумите.

Дури и ако конечните резултати ја потврдат ГЕРБ како најсилна партија, нејзините шанси за формирање владејачка коалиција се мали, велат политичките набљудувачи.

ГЕРБ беше првата партија на изборите во април, освојувајќи 26,2 проценти, но другите партии ја избегнуваа.

ИТН е подобро позиционирана и ужива поддршка од своитепартнери, Демократска Бугарија и „Стани! Мафија надвор!“, велат познавачите.

Конечните официјални резултати се очекуваат во четврток.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com