23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Цените на нафтата растат поради тензиите во Европа и на Блискиот Исток

Најчитани вести

Цените на нафтата на светските берзи денеска пораснаа поради загриженоста за снабдувањето во услови на зголемени тензии во Источна Европа и Блискиот Исток.

Меѓународните референтни цени на суровата нафта „брент“ се зголемија за 0,91 отсто на 86,21 долари за барел.

Американската референтна вредност, позната како ВТИ (West Texas Intermediate-WTI), беше на 83,92 долари за барел, што е раст од 0,73 отсто.

НАТО вчера соопшти дека испратил повеќе бродови и борбени авиони во Источна Европа за да ја зајакне подготвеноста и одбраната во регионот додека Русија „ја зголемува својата воена сила во и околу Украина“.

Во меѓувреме, на Блискиот исток, јеменското движење Хуси вчера изврши ракетен напад врз Обединетите Арапски Емирати, загрозувајќи го сигурното снабдување со нафта од регионот.

Со зголемувањето на геополитичките ризици во овие области, глобалните пазари се позагрижени за безбедноста на снабдувањето што резултира со забрзано купување. Експертите велат дека натамошниот пораст на тензиите се очекува да доведе до нов раст на цената на нафтата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com