26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Цели со дијаманти: Сораја носи чизми од 10.000 евра!

Најчитани вести

Црногорската старлета Сораја Вучелиќ (33), често на друштвените мрежи се фали со луксузната гардероба и со модни додатоци. Така неодамна позирала во високи чизми до колена, опточени со дијаманти.

Станува збор за чизмите на германскиот моден дизајнер Филип Плеин (41), познат по скапоцените часовници, а цената на овие чизми изнесува вртоглави 9950 евра.

„Ти си тотално луда. За таа цена можеш да добиеш добра кола“, коментирал еден од обожавателите под фотографиите на Сораја на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што црногорската старлета во својот возен парк веќе има „ламборџини“ и “ферари“, изгледа дека не ѝ е проблем да „искешира“ 10.000 евра за чизми.

Сораја неодамна се сврши со синот на руски тајкун, кој постојано ја чести со скапоцени подароци.
Српските медиуми пресметале дека само ова лето на гардероба Сораја потрошила околу 40.000 евра./slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести