19 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Целер – Природен сојузник против стресот и нервозата

Најчитани вести

Целерот е двогодишна билка со меснат и вретенест корен. Стеблото му е разгрането, а достига висина од 40 до 80 cm. Листовите се темнозелени и сјајни.

Тој е еден од најздравите зеленчуци што редовно треба да ги имате на вашата трпеза. Може да се јаде како салата и да се користи во многу видови на јадења. Целерот може да се најде на скоро сите македонски пазари.

Тој содржи многу лековити состојки што му помагаат на организмот полесно да се чувствува. Овој зеленчук ја поттикнува размената на материите во организмот. Богат е со етерични масла, со витамини и минерали. Коренот на целерот содржи етерично масло, шеќер, аспин, аспарагин, тирозин, колин, алосорубусен, пентосан и масти.

Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, тој уште се смета за многу здрав и лековит. Коренот на целерот и семето се користат за лечење на благи форми на анксиозност и вознемиреност, замор, кашлица, губиток на апетитот. Тој се користи при потешкотии при варењето на храната, при заболувања на желудникот и цревата. Корисен е и за дијабетичарите.

Целерот содржи супстанци кои делуваат релаксирачки на артериите, овозможувајќи им да се шират, ја намалуваат количината на хормонот на стрес. Тој исто така ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол, а заради големата количина на витамин Ц успешно ги намалува симптомите на грип и настинка. Затоа се препорачува болните да јадат супа во која има ставено многу целер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести