2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Царовска: Чиста лага е дека ќе се укине групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет!

Најчитани вести

Министерката Мила Царовска преку статус на социјалната мрежа Твитер најостро ги демантира тврдењата на професорката Јасна Котеска, која обвини дека министерката планирала да ја укине групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет.
– Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котевска, повикувам да запре ширењето на дезинформации, стои во статусот на министерката.

Таа додава дека ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет.

– Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, порача Царовска.

Инаку, во својата информација професорката објавува дека со новата стратегија за образование на Филолошкиот факултет при УКИМ требало да се воведат две научни гранки, а да се укине македонскиот јазик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com