17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Царовска и Спасовски во трка за технички премиер – ќе се знае во петок

Најчитани вести

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Сител, во врска со актуелното прашање кој ќе биде технички премиер рече дека тоа ќе се знае на 27 декември, петок во 18 часот, кога ќе има состанок на Централниот одбор, а фаворите се министерката Мила Царовска и министерот Оливер Спасовски како кандидати со висок рејтинг кај граѓаните.

На прашањето на новинарката  колку е тој задоволен од работата на Владата, Николовски изјави дека над 55 отсто од мерките веќе се реализирани досега, иако оваа Влада работеше со постојани опструкции од страна на опозицијата, пред се во законодавниот дом каде што се носеа клучните закони кои значат подобрување на животот на сите граѓани.

„Имавме блокада на закони преку собрание, тешка битка се водеше, наследивме проблеми од режимот но и покрај тоа успеавме да реализираме во некои области, како земјоделството  и 90 отсто од програмата. Продолжуваме во креиарање на нова изборна програма 2020-2024 година“, рече генералниот секретар на СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com