8.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Царовска им заблагодари на наставниците за посветеноста и трудот во услови на пандемија

Најчитани вести

Министерката за образование и наука Мила Царовска им го честита Светскиот ден на учителот – 5 Октомври на просветните работници искажувајќи им благодарност за посветеноста и трудот вложен во тешките услови за настава во изминатата една и пол година.

– Денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на наставниците, искажувам неизмерна благодарност до сите просветни работници за посветеноста и несебичниот труд којшто го вложија во исклучително тешки учебни години во услови на пандемија и ни овозможија да имаме континуитет во образовниот процес.

Храбро одговоривте и на позитивните промени што ги воведуваме за поквалитетно и современо образование, притоа брзо прилагодувајќи се на новите наставни програми и дигиталните учебници. Одиме напред кон новите предизвици со кои сите заеднички ќе направиме образовен систем кој ќе ни биде национална гордост, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com