4 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Царовска: За првпат нудиме реформа која се фокусира на знаењата на децата

Најчитани вести

Ако не направиме промени во основното образование денес, нема да фатиме чекор со светот, рече министерката Царовска во вечерашното гостување на ТВ Клан.

“Реформата не е козметичка. Затоа ни е потребна реформа којашто ќе направи тектонски промени. За првпат имаме реформа која се фокусира на знаењето на децата. А сето ова го нуди оваа концепција”, рече Царовска.

Царовска истакна дека главната идеја е од фактографско да се премине на учење со разбирање, а наставниците ќе имаат автономија во држењето на наставата. За првпат ќе се даде можност ученикот да избира предмети со што ќе го поттикнеме  потенцијалот на секое дете. Сето ова ќе се постигне со интеграција на предметите коешто се предлага со концепцијата. Во исто време по различни предмети ќе се изучуваат исти теми”, рече Царовска.

“Почнуваме во две одделенија, не одеднаш во целата деветолетка како што се спроведувале претходно некои реформи. Ова ни дава можност да ги надминуваме предизвиците, но и наставниците да се навикнат на новиот модел на настава”, истакна Царовска.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести