21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Царовска: Засега не се размислува за нови мерки за училиштата

Најчитани вести

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека засега не се размислува за нови мерки за училиштата со оглед дека има раст на заболените со ковид-19.

Состојбата, како што уверува таа, е стабилна.

„Состојбата во училиштата е стабилна. Со физичко активно присуство, според последниот случај, има некаде 35 ученици и околу 60 наставници, што е многу помалку од крајот на првото полугодие и сите протоколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата“,

изјави Царовска.
За разлика од училиштата, каде што министерката уверува дека состојбата е стабилна, поради зголемување на бројот на заразени на ниво на држава, во последните десетина дена здравствените власти препорачаа во земјава повторно да се воведе полициски час.

Предлогот е тој да за започне од утре и да трае две недели во периодот од 22 до 5 часот.

За овој предлог Владата треба да одлучи на денешната седница.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести