11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Царовска: Децата подготвуваат храна за бездомниците

Најчитани вести

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со претставници од Здружението „Сите сити – Ајде Македонија” и Црвен Крст денеска го посети прифатниот пункт за бездомници во Момин поток, каде што околу 50 лица изминатиот период добиваат топол оброк преку иновативното решение на „Сите сити – Ајде Македонија”.

Храната е свежо подготвена во Здружението за деца со посебни потреби „Дама- ел”, дел од намирниците се пазарни вишоци, а дел се набавуваат.

„Мене ми е особено драго да зборувам тука денеска бидејќи „Сите сити -Ајде Македонија”, имаат двојно општествено влијание. Од една страна со новиот иновативен модел кој го претставија обезбедуваме храна за три пати повеќе граѓани отколку претходно. Од друга страна, поставуваат пример за развој на социјалното претприемаштво, што може да нуди навистина квалитетни услуги за најранливите категории граѓани. На овој начин преку вложување средства и искрена енергија се поттикнуваат позитивни промени во општеството. Токму затоа, ние, како Влада и Министерство ги развиваме социјалните претпријатија од коишто државата ќе има можност да купува услуги“, изјави министерката Царовска.
Освен доставување на храна за бездомниците во Момин поток што се прави секоја среда изминатиот период „Сите сити –Ајде Македонија” пилотира модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. Исто така, волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица во нивните домови.
Дополнително, од понеделник до петок храната собрана од „Жито леб”, продавници за овошје и зеленчук и други локали се дистрибуира до народната кујна во Ѓорче Петров, каде што се подготвуваат околу 200 оброци.

Со ова иновативно решение за обезбедување и подготвување оброци за лица во социјален ризик се прибираат информации кои ќе помогнат за потенцијално подобрување на дел од постојните програми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна.

Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу два милиони денари и е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој и планот е понатаму да почне да се применува низ целата држава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com