9.5 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Царовска во посета на Кичево: Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани

Најчитани вести

Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која вчера беше во работна посета на општина Кичево. Министерката се сретна со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, со кого разговараа за повеќе прашања од социјалната заштита на локално ниво.

Посетета на Кичево министерката ја искористи да ја види и новоизградената градинка и да се сретне со вработените во Центарот за социјални работи на Кичево.

„Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани. Вработените во кичевскиот центар се професионални и мотивирани и одговорно ја спроведуваат социјалната реформа со којашто драстично се зголеми помошта за примателите на социјалните права“, рече Царовска во Кичево.

Министерката истакна дека посебно и е драго што Кичево од есен добива нова детска градинка којашто е изградена со средства од Турската агенција за соработка и координација ТИКА.

„Продолжуваме да вложуваме во раниот детски развој и квалитетно предучилишно образование со вработување на кадаршто е компетентен. Истовремено ги прошируваме капацитетите на детските градинки низ целата држава со цел во следните 4 години опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50 проценти“, рече Царовска.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести