-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Царовска: Бојкотот нема да користи никому

Најчитани вести

Ниту едно училипте не е затоврено заради бојкот на наставата поради новата програма која од говнава почна да се спроведува во прво и четврто одделени. 

– Наставниците се задоволни од новата програма за прво и четврто одделение и се подготвени да ја спроведат. Затоа апелирам до родителите, но и до одредени политички партии да ги тргнат настрана своите тесни лични интереси и во моментов да го следат интересот на децата – изјави министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во општина Кисела Вода, коментирајќи ги заканите за бојкот на наставата поради новата програма.

– Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа на никого, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете, рече Царовска.

Таа посочи дека новата програма треба да даде квалитет и да ги насочи учениците да учат и да ги поврзуваат сите теми кои се дадени во наставните програми и понатаму во животот да можат да ги применат тие знаења.

Министерката изрази задоволство од трудот на вработените од училиштето „Димитар Влахов”, кои подготвија брајови учебници за новата програма учениците од прво и четврто одделение.

– Навистина сум горда на училиштето „Димитар Влахов”. Не само што се подготвуваа целиот летен период за настава по новата концепција туку подготвија и учебници на брајовото писмо, што не беше досега. Квалитетно и инклузивно образование значи пристап до образование за секое дете, но кое е квалитетно. Бевме сведоци дека со години овие училишта работеа по застарени програми и не ги следеа новитетите во основните училиште. Токму затоа, сметам дека големиот предизвик кој го имаше ова училиште, го надмина и сега имаме учебници на брајово писмо не само за ова училиште туку тие подготвија учебници и за другите училишта, рече Царовска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com