Вчера, на граничниот премин Табановце за излез од земјава, македоската Царина заплени автобус кој возел редовна линија за Скопје – Белград во кој бил откриен специјален „бункер“ за криење на стоки. Согласно законските одредби, автобусот е запленет, информира Царинската управа.
„Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што увидени се прегради во делот на креветот за возачите каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови кај задниот дел од автобусот.
Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена плоча со тапацир, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.
Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот, предмет на прекршок, е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд“, се вели во соопштението на Царинската управа.
https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FCustomsMK%2Fvideos%2F6522479014509791%2F&show_text=false&width=560&t=0