15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Хјустон постави нов клупски рекорд во НБА

Најчитани вести

НБА-лигашот Хјустон рокетс постави нов клупски рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. „Ракетите” ноќеска во триумфот над Оклахома сити (136:106), реализираа 28 удари за три поени.

Ерик Гордон, кој не беше во првата петорка, претвори 5 од 9 тројки и стана најпродуктивниот играч на средбата со 25 поени. ДеМаркус Казинс исто така за три поени шутираше 5 од 9.

Вкупно, Хјустон погоди 28 од 52 удари за три поени, односно имаше реализација 53,8 проценти.

За тимот ова беше 10 победа во 19. натпревар од почетокот на НБА сезоната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести