13 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Хјуман Рајтс Воч – Иран намерно крие како се справи со протестите

Најчитани вести

Иранските власти намерно кријат што сè преземале против оние кои учествуваа на протести по порастот на цената на горивата, соопшти организацијата Хјуман Рајтс Воч.

Според податоците на организациите за човекови права повеќе од 140 луѓе беа убиени, а 7000 приведени откако избувнаа протестите низ цел Иран.

Во денешниот извештај на организацијата се наведува дека две недели после протестите, властите се уште официјално не објавиле колку жртви има.

Од организацијата за човекови права бараат властите во Иран веднаш да соопштат колку луѓе загинале, колку се приведени и затворени за време на протестите и да дозволи независна истрага за наводните злоупотреби.

Во извештајот се нотира и тоа што владата го прекина пристапот до интернет за да спречи демонстрантите да комуницираат со остатокот од светот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести