9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Хутите објавија снимка од офанзива против коалицијата

Најчитани вести

Хутите објавија снимка со крвава августовска офанзива на границата со Саудиска Арабија. Иако владата во Сана потврди дека во истиот период загинале стотици нејзини војници, автентичноста на видеоматеријалот не е потврдена. Официјален Ријад засега без коментар за операцијата на хутите.

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека минатиот месец извршиле масовна офанзива кај границата со Саудиска Арабија, во која загинале 200 провладини борци, а над две илјади војници, вклучувајќи и саудиски офицери, биле заробени. По неодамнешните напади врз нафтената инфраструктура на Кралството, за коишто презедоа одговорност, бунтовниците предложија мировна иницијатива за прекин на борбите со Арапската коалиција предводена од Саудијците. Понудата на Хутите за прекин на огнот и натаму важи иако противникот продолжи со воздушните напади во кои има многу жртви.

Генерал Јахја Сари – Портпарол на Јеменските Хути

Различни единици и ексерти беа вклучени во овие операции. Специјалните мисии опфатија огромни географски региони. Имаме и дронови во одбранбените капацитети. Учествуваа и копнените сили.

Јеменското МНР го обвинува Иран за дестабилизација на регионот поради помагањето на милитантите.

Мохамед Ал-Хадрани – Министер за надворешни работи на Јемен

Уште од 2014 година, бунтовниците на Хутите со поддршка од Иран ги уништуваат најубавите и највредните работи во мојата земја. Таа и нејзините институции мораа да се соочат со воен удар, Хутите ни ги разнесоа домовите и храмовите. Напаѓаат невини луѓе, и ни ги крадат ресурсите.

Саудиска Арабија не ги потврди информациите за офанзивата којашто ја објавија Хутите на видеоснимка. Но принцот Мохамед бин Салман предупреди – најновите случувања на Блискиот Исток ќе имаат огромни последици и врз светската економија, особено врз нафтениот сектор.

Мохамед Бин Салман – Принц на Саудиска Арабија

Ако светот не се обиде со силна и решителна акција да го одврати Иран, ќе сведочиме уште поголема ескалација која ќе ги загрози светските интереси. Снабдувањето со нафта ќе се наруши и цената ќе се зголеми до невидено ниво.

Ова подрачје опфаќа 30% од светското снабдување со енергенси, 20% од рутите на глобалната трговија, и 4 % од светскиот БДП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com