24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Хуркач испадна од АО, Хачанов сигурен против Бонзи

Најчитани вести

Адријан Манарино во три сета го елиминира од Австралија опен, Хуберт Хуркач. Елиминацијата на десеттиот носител е досега наголемото изненадување на Австралија опен.

Манарино, 69. на АТП листата, за 125 минути игра, победи со 6/4, 6/2, 6/3. Францускиот тенисер искористи шест од 14.топки за брејк, додека Полјакот имаше десет шанси за брејк, искористи само една.

Хуркач, во досегашните 15 настапи на гренд-слем турнирите, само два пати успеал да го мине второто коло. Лани го забележа најголемиот успех, кога стигна до полу-финалето на Вимблдон.

За разлика од Хуркач, Карен Хачанов, немаше проблеми против Бенжамин Бонзи. Рускиот тенисер, 29. на АТП листата, победи со 6/4, 6/0, 7/5. Мечот траеше 126 минути.

Хачанов во третото коло ќе игра против шестиот носител, Рафаел Надал.

Досега овие двајца играле меѓу себе осум пати. Хачанов во претходните пресметки успеал да освои само еден сет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com