17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Хунтелар се врати во Шалке

Најчитани вести

Холандскиот напаѓач Клас – Јан Хунтелар се врати во бундеслигашот Шалке 04 во обид да помогне во битката за опстанок на тимот за кој играше од 2010 до 2017 година, постигнувајќи фантастични 48 голови на 48 натпревари во сезоната 2011-12.

– „Хантер” (Ловецот) се врати во лов на голови со синиот дрес, соопшти синоќа Шалке, обелоденувајќи дека поранешниот холандски репрезентативец потпишал договор до крајот на сезоната.

Изминатите триипол сезони Хунтелар го носеше дресот на Ајакс, а на Шалке ќе се обиде да му помогне да избори опстанок во една од најтешките сезони за клубот од Гелзенкирхен.

Шалке пред вечерашниот дуел на домашен терен против Келн во рамки на 17 коло во Бундеслигата е на делба на последното место со Мајнц со само седум бодови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести