10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Хуманитарни пакети за најпогодените подрачја

Најчитани вести

Црвениот крст на Македонија, утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево. Тимовите се од Црвен крст на град Скопје (8 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Штип (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Делчево (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Кочани (4 волонтери) и Општинска организација на Црвен крст Берово (4 волонтери).

Од Црвениот Крст велат дека испратена е и хуманитарна помош.

Во Берово и Пехчево се испратени 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0.5л, 400 ќебиња и 50 душеци. Во Куманово испратени се 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2.592 шишиња вода од 0.5л и 50 душеци. За утре планирана е дистрибуција на хуманитарна помош во Делчево која ќе се состои од 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0.5л, 400 ќебиња и 20 душеци и за Кочани, 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, 400 ќебиња и 50 душеци, велат од Црвениот крст и ги повикуваат сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.

– Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност, велат од Црвен крст.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com