Home » Хулиганот што го нападна голманот Дмитровиќ доби затворска казна

Хулиганот што го нападна голманот Дмитровиќ доби затворска казна

by Журнал.мк

Хулиганот што влета во теренот на мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Севилја и го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ е осуден на тримесечна затворска казна, од кои еден месец условно.

Дваесетгодишниот маж од Рурмонд доби пресуда од судот во Ден Бош за големиот инцидент. Покрај тоа, тој доби и двегодишна забрана за доближување до стадионот на ПСВ Ајндховен. Хулиганот се обиде да се оправда дека не бил свесен за постапката со оглед дека тој ден испил премногу пиво.

Одлуката на судот е образложена дека „постапката на осомничениот немала врска со фудбал или љубов кон неговиот клуб“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk