5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Христов знае како се победува Бугарија: Вечерва Македонија е фаворит! (ВИДЕО)

Најчитани вести

Во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Македонија и Бугарија во Лигата на Нации, мало потсетување на тоа што беше пред повеќе од 24 години. Кога Македонија со 1:0 во Скопје успеа да слави над Бугарија. И тоа со голот на Ѓорѓи Христов.

Да се навратиме малку низ историјата на меѓусебните мечеви. Досега сме одиграле осум, од кои дури седум пријателски. Имаме две победи, а едната е токму на 25 март во 1998 година.

Добро се сеќавам на тој меч. Имавме навистина добра селекција предводена од Ѓоко Хаџиевски, а против нас една силна, моќна Бугарија која беше официјално четврта во светот. Стоичков, Пенев, Балаков, Иванов, Нанков, Боримиров беа само дел од таа селекција. Јас го постигнав тој гол за победа, за голема радост на Градски во Скопје. Убава фудбалска вечер беше тоа, убава победа против силната Бугарија“ вели Христов за „Спортмедиа“.

Инаку тој се сложува дека оваа селекција на Бугарија со таа пред 24 години не може да се споредува.

Не, никако. Сега тие имаат една млада генерација, но допрва од нив се очекуваат добри резултати. Што се однесува до вечерашниот дуел очекувам наша победа, иако сме во мала резултатска криза, сепак Македонија е фаворит на овој натпревар. Инаку не смее се она што се случува во односите меѓу двете земји да има премногу емоции. Треба да играме со студена глава, да одиграме најдобро што се може да се разбира да победиме. Па макар и со 1:0 како што тоа беше во таа 1998 година“ заврши прославениот некогашен македонски репрезентативец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести