Home » Хрватски судии: Голот на Вида е нерегуларен, судијата направил голем превид (Видео)

Хрватски судии: Голот на Вида е нерегуларен, судијата направил голем превид (Видео)

by Lina Muslija

Динамо Загреб го испушти пласманот во плејофот за влез во Лигата на шампионите во судиското надополнување, па хрватскиот шампион долго ќе го памети финишот на гостувањето кај АЕК, кое и онака имаше посебна тензија поради смртта на навивач на грчкиот тим во инцидентот пред десетина дена.

Араухо во 92. минута намали на 1:2, резултат кој водеше во продолжение од 30 минути, за по истекот на предвиденото надополнување, судијата Ескас од Норвешка со помош на ВАР интервенцијата да процени дека имало пенал за домаќините.

Ливаковиќ го одбрани ударот на Гарсија, но на топката натрча хрватскиот интернационалец Домагој Вида и тој го испрати АЕК во следната рунда.

Хрватските медиуми утринава пренесуваат изјави на судии кои сакале да останат анонимни, а тврдат дека судијата направил голем превид и ги прекршил правилата, а еден од нив е и „Вечерњи лист“.

Во конкретниот случај, судијата предвиде пет минути надополнување, а отиде да ја проверува снимката во осмата минута. Тој отиде да прегледува и одлучи дека играњето со рака на Љубичиќ е за пенал, а според судиите, Ескас морал да ги предупреди играчите дека останува само да се изведе пеналот и дека нема да смета она што се случило по ударот од белата точка, односно по евентуалното одбивање на топката

Препорака за судиите е да ги информираат фудбалерите за ова правило и да побараат од нив да останат на центарот, иако тоа не е задолжително. Тоа се јасни правила поврзани со изведување пенал во ситуација кога најавеното надополнување е истечено, – пренесува „Вечерњи лист“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More