13 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Хрватски воени пилоти превезувале шверцер со оружје

Најчитани вести

Тројца пилоти на Хрватското воено воздухопловство од воената база во Земуник се под истрага на цивилната и воената полиција, пренесува „Нова ТВ“.

Пилотите со воен хеликоптер превезувале шверцер на оружје, а полицијата извршила претрес во нивните домови и пронашла поголемо количество муниција.

„Тие се отстранети од летачката служба и одземени им се одредени материјални права поврзани со летачкиот додаток“, рече бригадниот генерал Мато Микиќ, командант на Хрватското воено воздухопловство.

„Ова е изолиран случај, тоа не се случило досега во Хрватското воено воздухопловство. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да спречиме вакви случаи “, рече Микиќ за „ТВ Нова“.

Пилотите со воен хеликоптер го превезувале шверцерот на оружје. Заедно ја поминале контролата, а шверцерот најверојатно никој не го прашал за документи. Шверцерот го возеле во хеликоптерот додека биле на должност, во склоп на своите планирани воени задачи, а сѐ се случило пред два месеци.

Покрај тоа, шверцерот бил маскиран. Тој во воената база, а потоа и во хеликоптерот, влегол во униформа на воен пилот. Мажот од претходно ѝ е познат на полицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести