15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Хрватскиот премиер до Милановиќ: „Блокирај веднаш кога си фраер“

Најчитани вести

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го повика претседателот Зоран Милановиќ да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО, кога, како што рече, тој веќе седи на самитите на НАТО и не чека тоа да го стори хрватскиот парламент.

„ Нека блокира тој веднаш, како некој што седи на самити на НАТО, зошто го остава парламентот да го направи тоа кога е фраер“, изјави синоќа Пленковиќ, пренесува Хина.

Тој тврди дека Милановиќ би ја пропуштил темата на претстојниот самит во Мадрид, но потоа ќе побарал од парламентот да го стори тоа.

Милановиќ вчера изјави дека Финска и Шведска не можат да влезат во НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ и дека дотогаш хрватскиот парламент „не смее да ратификува ничиј пристап во Алијансата“.

Тој рече и дека може да се разговара за влез на Финска и Шведска во НАТО, но, како што наведе, тоа е „опасна авантура“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com