31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

Хрватскиот бренд Tribute е еден од светските пионери на дигиталната мода

Најчитани вести

Модата се помалку можеме да ја ставиме во строго определена рамка, а денес таа излегува и од границите на реалноста. Со сè поголемото присуство на аугментираната и виртуелната реалност во нашиот секојдневен живот, беше речиси невозможно модата да го избегне овој тренд.

Од неодамна модната сфера е побогата за уште неколку брендови чии дизајни се комплетно виртуелни, а едни од нив е и хрватскиот дигитален моден бренд Tribute, кој наедно е и еден од светските пионери во областа на дигиталната мода.

Фото: super1

Tribute дава пристап до ново ниво на искуство што е невозможно во физичкиот свет, градејќи бренд кој е подеднакво присутен во физичкиот и дигиталниот простор, како и во проширената реалност, инспириран од концептот на дигитална сопственост и неограничената креативност што се нуди во таквите простори. Tribute веќе се најдоа помеѓу објавената содржина на Forbes, Vogue, WDD, CR Fashion Book, Numero, Tatler, Highsnobiety и голем број други угледни списанија.

Фото: super1

Тимот го сочинуваат Гала Марија Врбаниќ, Филип Вајда, Марина Јукиќ, Игор Липовац и Марта Стражичиќ, а досега освен за сопствениот бренд, тие креираа и дигитална облека во соработка со Жан Пол Готје и Каролина Херера. За Херера, освен дигитални прарчиња, создадоа и уникатна апликација која овозможува да го пробате фустанот во реално време, да ја зачувате фотографијата или видеото и да го споделите на социјалните мрежи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com