17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Хрватска ќе обезбеди до два милиона дози руска вакцина против Ковид-19

Најчитани вести

Во Хрватска во следните недели можно е да пристигнат до два милиона дози на руската вакцина „Спутник V“, а се чекаат само регулаторни фактори што мора да се исполнат за да се увезе вакцината, објави порталот Индекс.

Порталот се повикува на извор близок до врвот на владата, кој рече дека деталите за соработката со Русија ги договориле вчера хрватскиот министер за здравство Вили Берош и рускиот амбасадор во Хрватска.

Според неофицијални информации, наведува Индекс, Хрватска нема да чека руската вакцина да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Бидејќи се очекува ЕМА да донесе одлука во април, хрватската Агенција за лекови и медицински помагала ХАЛМЕД, што е можно поскоро, оваа недела ќе донесе одлука за одобрување на „Спутник V“.

За да пристигне вакцината во Хрватска, ХАЛМЕД мора да одобри итен увоз и тоа може да го стори под одредени услови – руската вакцина е да нема сериозни несакани ефекти, односно да е безбедна, но и да нема ништо слично на пазарот.

Иако на пазарот има слични вакцини, ги нема доволно, што треба да биде главниот аргумент за итен увоз на таа вакцина во Хрватска, според порталот.

Според извор близок до ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ, Хрватска на овој начин ги штити своите интереси.

„Важно е да ја добиеме вакцината пред ЕМА да ја одобри, затоа што тогаш не зависиме од распределбата во рамките на ЕУ, туку од нас самите, што е наше право, и после тоа, строго следејќи ги правилата, ќе започнеме со вакцинирање . Ние не кршиме ниту едно правило на Европската унија“, изјави соговорник на„ Јутарњи лист“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести