13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Хрватска ќе го одложи пописот поради Ковид-19

Најчитани вести

Пописот во Хрватска, кој требаше да се спроведе во април, ќе се одложи поради епидемиолошката состојба во земјата. Професорот Иван Шипин од Катедрата за демографија на Економскиот факултет во Загреб, за телевизијата Н1 изјави дека поради пандемијата со Ковид-19, Хрватска лани имала највисока стапка на смртност од Втората светска војна.

Тој рече дека епидемиолошките причини за одложување на пописот секако се оправдани, бидејќи тој мора да биде квалитетен, одѕивот мора да биде што е можно повисок, а треба да се земе предвид и здравјето не само луѓето што треба да се попишат, туку и на попишувачите.

„Во ситуација кога имате луѓе во болници, на апарати за дишење, во изолација, под знак прашалник е каков ќе биде квалитетот на податоците. Исто така, постојат активности пред пописот, мора да направиме добра геерална проба. Мислам дека пописот треба да се одложи затоа што тоа е сложен потфат којшто ја чини државата 160 милиони куни“, рече Чипин.

На прашањето кога би било најдобро време за спроведување на пописот, тој одговори „кога е безбедно, кога нема таква епидемиолошка состојба“. Тој рече дека не е препорачливо да се одржи пописот во текот на летото, бидејќи во тоа време има поголема раздвиженост на луѓето.

„Мојот личен став е дека треба да се одложи за една година. Мораме да го направиме тоа до 2023 година“, рече Чипин.

Координаторот за пописот во Државниот завод за статистика (ДЗС) Дамир Плесац, најави дека одложувањето ќе биде на неколку месеци. Плесац во изјава за телевизијата „Н1“ објаснува дека одложувањето е на неопределено време и неговото одржување ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјата и од одлуките на Владата и парламентот кои треба да го сменат законот за попис.

Хрватска за првпат ќе воведе опција за попис по дигитален пат, покрај традиционалниот начин со попишувачи на терен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести