37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Хрватска: Милановиќ го повика Пленковиќ да се обиде да го отповика

Најчитани вести

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска на Фејсбук објави пост во кој зборува за „Пленковиќ и неговата криминална организација“.

Тој, меѓу другото, му порачува на хрватскиот премиер да биде „храбар еднаш во животот, да почне со собирање лојални марионети и да иницира отповикување“.

Пленковиќ претходно ги коментираше изјавите и пораките на Милановиќ и рече дека „ако продолжи вака, може да се разговара за негово отповикување“.

– Слушам дека Пленковиќ и неговата криминална организација разговарале за отповикување на претседателот на Републиката. За да им биде полесно, постапката за отповикување на претседателот на Републиката е опишана во член 105 од Уставот, многу е едноставна и добро направена. Ајде Пленковиќ, биди храбар еднаш во животот и почни да работиш. Тргни во собирање лојални марионети, одврзи го кесето, повикај ги кумовите и иницирај отповикување, напиша Милановиќ.

Тој понатаму го обвинува хрватскиот премиер дека со некои свои постапки го крши Уставот, за вакцините, за обновата една година после земјотресот во Загреб и затоа што спречува промени во хрватското правосудство.

– Постојат многу причини поради кои може да праша дали си зрел за отповикување, но јас ќе додадам уште една, онаа што ја гледаат сите во Хрватска: за пет години од твоето диктаторско владеење, корупцијата се вовлече во сите делови на општеството, бидејќи половина од вашите министри служеа како пример за неказнета корупција. И денес, некои од нив седат на партиската маса, напиша Милановиќ на Фејсбук.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести