25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Хрватска е една од најмалку погодените членки на ЕУ од брегзит

Најчитани вести

Хрватска е една од најмалку погодените членки на ЕУ од излегувањето на Велика Британија од Унијата, јавија хрватски медиуми.

ЕУ формираше специјален фонд од пет милијарди евра во повеќегодишната финансиска рамка за да се ублажат ефектите од брегзит. Оваа година ќе бидат исплатени 4,2 милијарди евра.

Комисијата претстави предлог за распределување на тие средства на земјите-членки во согласност со проценките за тоа колку се погодени од излегувањето на Велика Британија.

Според предлогот, Хрватска е меѓу трите земји-членки кои се најмалку погодени од брегзит и може да смета на 4,3 милиони евра. Помала сума од таа е планирана само за Словенија, 3 милиони евра и 4,5 милиони за Естонија.

Најпогодена е Ирска, која може да добие 1,052 милијарди евра, а потоа следат Холандија 757 милиони евра, Германија, 455 милиони и Франција 420 милиони евра.

При изготвувањето на предлогот, Комисијата ги зеде предвид економските врски помеѓу земјите-членки и Велика Британија, трговијата со стоки и услуги и влијанието врз рибарскиот сектор.

Земјите-членки ќе можат да аплицираат за средства од Фондот за прилагодување до 30 септември 2023 година. Парите ќе бидат исплатени во два наврати, прво како предфинансирање од 4,2 милијарди евра оваа година, а остатокот во 2024 година. (МИА)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести