Премиерот Зоран Заев денеска ја прими хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.
На средбата амбасадорката Тигањ истакна дека е позната поддршката која Хрватска ја дава на Северна Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија.
„Вашата земја направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот“, истакна Тигањ.
На средбата се разговараше и за претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, при што соговорниците констатираа дека тоа е одличен момент за заокружување на поддршката и оти донесувањето на позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите.