Home » Хрватот Гојо беше „мал залак“ за Ѓоковиќ на патот кон четвртфинале на УС Опен

Хрватот Гојо беше „мал залак“ за Ѓоковиќ на патот кон четвртфинале на УС Опен

by Журнал.мк

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ во три сета ја совлада хрватската сензација Борна Гојо и се пласираше меѓу најдобрите осум на грен слем турнирот УС Опен.

Гојо – можеби најголемата сензација на УС Опен, не можеше да ја реши енигмата Ѓоковиќ во 4. коло на последниот грен слем годинава.

Откако Хрватот низ три квалификациски кола стигна до втората недела на еден од четирите најголеми турнири, беше поразен со 6:2, 7:5 и 6:4 за неполни два и пол часа.

Ѓоковиќ лесно го доби првиот сет откако направи два брејка.

Во вториот дел Гојо отвори одлично, поведе со 3:0, но српскиот ас се врати во ритам, а клучниот момент во сетот беше брејкот во 11-тиот гејм, а потоа сетот беше само формалност и Ѓоковиќ го освои со 7-5.

Ѓоковиќ победи со брејк и во седмиот гем од третиот сет.

Во четвртфиналето на турнирот во Њујорк Србинот ќе се соочи со Американецот Тејлор Фриц, кој е деветтопласиран во светот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk