17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Хоџиќ: Бугарите во Македонија се заинтересирани само за вистинско толкување на историјата

Најчитани вести

Дијалогот со Бугарија влегува во слепа улица, проблемите стануваат ненадминливи и соседната земја дури и побара Специјална владина комисија за мониторирање на правата на Бугарија во РСМ. За состојбата со правата на помалите етнички заедници во РСМ објаснува заменик претседателот на Комисијата за правата на помалите етнички заедници во РСМ Џелал Хоџиќ.

-Агенција за права на помали етнички заедници е формирана во 2008-та година, кога имаше поголема еуфорија за патот кон ЕУ и барањето за бенч -маркови. Агенцијата има цел да ги следи правата на помалку бројните заедници во повеќе области, како што се образованието на мајчин јазик, култура, употребата на јазикот и симболите, присуството во администрацијата и присуството во медиумите. Кога ги разгледував документите на здруженијата на помалите етнички заедници видов дека нема ниту едно на Бугарите во Македонија. Ги повикав и разговаравме. Забележав дека Бугарите немаат доверба во институциите. Овие прашања од типот на правична застапеност во администрацијата не ги интересираше. Можам да заклучам од разговорите со нив дека се интересираа само за вистинското толкување на историјата, вели во Утрински брифинг Џелал Хоџиќ, заменик директор на оваа Агенција.

Во однос на барањата за внесување на помалите етнички групи во преамбулата на Уставо, Хоџиќ рече дека за тоа веќе има неколку барања.

-Торбешката заедница во Македонија го побара тоа. Тие имаат над 4.000 припадници регистрирани на Пописот, Египќаните, а интересна е ситуацијата и со хрватската заедница. Македонската заедница која е релативно мала е етаблирана во Уставот и Преамбулата на Хрватска, а кај нас Хрватите не се. Поранешниот премиер Заев претходно вети дека тие ќе внесени во Преамбулата на Уставот на РСМ. За жал кај нас Преамбулата на уставот која е само преамбула и не значи суштински дел на Уставот кој ни е граѓански, за жал предизвикува и одредена дискриминација и тоа е прашање кое според европските пракси, ние без разлика на дијалогот со Бугарија ќе мора да го отвориме. Примерот со Хрватска е многу експлицитен. Пред влегувањето во ЕУ, Унијата им кажа, или ќе ги наведете во Уставот сите кои сакаат да бидат внатре или ќе ги избришете сите, објаснува Хоџиќ.

Комисијата се обидува на сите можни начини и прилики да ги претставува помалите етнички заедници во Македонија, но одлуката за промена на Уставот ја носи Собранието.

– Приказната која се пласираше за барањето на реципроцитет не држи вода и треба да се дадат аргументи на таа тема. Кога се бараше Турците да влезат во уставот никој не побара Македонците да бидат внесени во турскиот устав или позицијата на Србите во Македонија е подобра од позицијата на Македонците во Србија, тука уставоправно е подобра нивната ситуација. Бошњаците кај нас се во Уставот, во БиХ македонското малцинство не е. Во Хрватска пак Македонците се во Уставот, кај нас не се. Реципроцитетот не држи вода, Уставот го уредува внатрешниот дел на државата, вели Хоџиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com