Home » Хоџа на средба со амбасадорот на Албанија: Уставните измени треба да се гласаат во Собранието

Хоџа на средба со амбасадорот на Албанија: Уставните измени треба да се гласаат во Собранието

by Журнал.мк

Претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, го пречека на средба амбасадорот на Република Албанија во Скопје, г. Фатос Река.На средбата се разговараше за политичката определба и за визијата на Европската демократска партија за политичките процеси и европската иднина на земјата.Уште еднаш беше реафирмиран ставот дека иднината на регионот нема друга алтернатива, освен целосна интеграција во Европската Унија, затоа, како што досега беа заедно Северна Македонија и Албанија рамо до рамо, мора заедно да го продолжат европското патување и во тој контекст беше оценето дека уставните измени треба да се гласаат во Собранието бидејќи со тоа се бетонира и проевропската ориентација на земјата.Двете страни се согласија за продолжување на комуникацијата, која е во служба на остварување на заедничките аспирации и заокружување на интеграцијата во Европската Унија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More