29.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Хоти: Србија сака со мини-Шенгенот да го држи Балканот надвор од ЕУ

Најчитани вести

Членот на Претседателството на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти смета дека единствена земја која има интерес од создавањето на таканаречниот мини-Шенген, за што се залагаат премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, е Србија, додека една таква зона би нанела големи штети на косовската економија и на косовската држава.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Хоти на својата страница на Фејсбук напиша дека мини-Шенгенот е нов модалитет на Балканската царинска унија, кој Косово го одби во 2016 година.

Хоти набројува неколку причини зошто, како што вели, тој проект не е во интерес на Косово и на повеќето земји од регионот, додека Србија, како земја со најголемо население и економија во регионот, „настојува да го одржи регионот што подолго надвор од Европската унија, во очекување на создавање нови геополитички рамнотежи со зголемена улога на Русија“.

Освен тоа, вели тој, се создава можност за инвазија на стоки од Русија и земјите од руската економска зона, поради тоа што Србија има договор за слободна трговија со Русија.

Со мини-Шенгенот, според економскиот експерт на ЛДК, „на Косово му се оневозможува воспоставување контрола (тарифи, или целосен реципроцитет) за стоки кои го нарушуваат косовскиот пазар, првенствено во однос на Србија и Босна и Херцеговина, како земји кои не го признават Косово и го попречуваат на секој можен начин“.

– Овозможува непречено движење на српските официјални лица во Косово за политичка кампања внатре во косовската држава, без да се има можност да се запрат на граница поради „слободата на движење“ која ја овозможува мини-Шенгенот. Го дефакторизира Косово политички и економски во контекст на регионалните односи, бидејќи договорот подразбира делегирање на државната моќ на мини-Шенгенот. Ги фаворизира економски земјите од Балканот кои се граничат со држави членки на ЕУ преку даночните политики, додека Косово нема ниедна граница со ЕУ, пишува Хоти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com