4 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Хоти: ЛДК не доби покана од Тачи, бара распуштање на Собранието

Најчитани вести

Шефот на пратеничката група на најголемата косовска опозициска партија, Демокртскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти вели дека неговата партија не добила покана од претседателот на државата Хашим Тачи за консултации за одредување датум за предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат по оставката на премиерот Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти на својата страница на фејсбук најави дека, поради тоа, ЛДК ќе побара свикување седница за распуштање на Собранието.

– Ние се уште не сме добиле покна од претседателот за консултации за одредување на датумот за избори. Овие доцнења се неоправдани,кога се има предвид дека земјата нема ефективна влада, напиша Хоти.

Според него, владејачката коалиција, која ја сочинуваат Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Харадинај, Демократскта партија на Косово (ПДК) на собранискиот спикер Кадри Весели, Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на вицепремиерот Фатмир Лиамј и Алијансата ново Косово (АКР) на шефот на дипломатијата Беџет Пацоли, „веќе една година нема легитимитет за владеење, а нема ниту сега за предложи нов мандатар“.

– Ние ќе одговориме на покана од претседателот единствено за одредување датум за избори. Ниту една друга тема не може да се расправа на тие консултации, напиша Хоти.

Тој додава дека, „со оглед дека нема таква иницијатива од претседателот“, ЛДК ќе побара свикување на седница за распуштање на Собранието, со тоа што претходно ќе бара ратификување на спогодбата со Европската унија, со која преку ИПА фондовите на Косово треба да му се доделат 100 милиони евра.

– За изгласување на оваа спогодба потребни се две третини од гласовите на пратениците и значајно е тие фондови да не се изгубат или пролонгираат поради тоа што Косово имаше нелегитимна влада, напиша Хоти

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести