4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Хоти: Курти ја доведе Приштина во ќор-сокак со своите непромислени постапки

Најчитани вести

Поранешниот косовски премиер Авдулах Хоти вели дека актуелниот прв човек на владата, Албин Курти, го довел Косово во неповолна позиција во дијалогот со Србија, преку своите „непромислени постапки“.

Според него, меѓународните партнери сега бараат веднаш да се формира Заедница на општини со српско мнозинство, а Косово е во ќор-сокак.

Хоти изјави за „Косово прес“ изјави дека неговата влада оставила рамка за дијалог чија цел е взаемно признавање, но дека со постапките на Курти, овој процес сега назадува.

„Сметам дека погрешниот пристап на оваа влада од самиот почеток доведе до сегашната ситуација, каде што сега нашите меѓународни партнери бараат веднаш да се формира Заедница на српски општини. Во претходната влада со нашите меѓународни партнери договоривме рамка за дијалог што не ги допира овие теми и не ги вклучува темите за територијален интегритет, суверенитет, така што конечниот договор би бил нормализација и меѓусебно признавање. Тоа треба да биде договор во согласност со Уставот на Косово и не треба да се договориме за ништо додека не се договориме за се. Што направи оваа влада? Тие ја напуштија таа рамка на дијалог и дојдоа до некои точки кои нè вратија век и половина назад и ја ставија земјата и самите себе во ќорсокак, нанесувајќи и големи штети на земјата“, рече Хоти.

Тој додаде дека Косово е во дополнителна неповолна позиција за дијалог, поради одлуките кои доведоа до влошување на ситуацијата на северот и повлекување на Србите од институциите на Косово.

„Најдобар начин да се излезе од ќор-сокакот е да се создаде политички консензус во земјата и тесна координација со нашите меѓународни партнери, особено со САД, со цел да се избегне создавање непотребни проблеми на теренот. Постојано барање на нашите партнери е да не создаваме вакви проблеми и покрај тоа што сме во право во акциите што се преземаат на северот од државата во последните месеци. Сите ни дадоа право, но побараа да ги одложиме овие одлуки за момент што е поповолен за Косово. Денеска сме во најнеповолна ситуација за дијалог, бидејќи тоа е ситуација кога сите институции на редот и законот на државата Косово не се наоѓаат на север“, рече Хоти.

Тој додаде оти очекува да се внесе поголема транспарентност во процесот на дијалог и дека владините претставници ќе бидат внимателни во активностите што ги преземаат и дека ќе работат на политичката кохезија неопходна за процесот на дијалог.

Тој одби да го коментира планот на ЕУ за дијалог, велејќи дека Владата на Косово и во овој поглед не е транспарентна.

– Ќе барам и очекувам да добијам извештај во Собранието. Сметам дека опозицијата и граѓаните не можат да го прифатат нацртот на француско-германскиот план. Неприфатливо е Владата во септември да испраќа коментари, во декември да враќа нов нацрт, без да ја информира јавноста или граѓаните за тоа, ниту Собранието како уставна институција која го надгледува процесот на дијалог. Се зборува за француско-германски план, но нема официјална информација од Владата за јавноста и Собранието, затоа морам да бидам претпазлив за содржината на овој план, додека Собранието официјално не биде известено за тоа – дополни Хоти.

Најнови вести