13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Хоти: Без взаемно признавање Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки за Белград

Најчитани вести

Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, се закани дека Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки кон Белград доколку процесот на дијалог не заврши со договор за взаемно признавање.

По средбата со политичките претставници на Албанците од југот на централна Србија, Хоти кажа дека Приштина има право да му се одмазди на соседот за секоја мерка што, како што тврди, Белград ја применува, пренесува „Гласот на Америка“.

-Но, верувам дека со помош на меѓународните партнери, со кои сме вклучени во овој процес, нема да има потреба да се оди по тој екстремен пат. Секојдневно напредуваме кон конечен договор, рече Хоти.

За време на состанокот во Приштина, Хоти пред сонародниците од југот на централна Србија ја претстави програмата за работа на неодамна формираната Канцеларија на Владата на Косово за Прешевската долина, односно трите општини каде што живеат припадници на албанското национално малцинство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести