13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Хотелиерите: Сега сме ранети и ни треба помош, кога ќе закрепнеме ќе ѝ вратиме на државата

Најчитани вести

Затворањето на угостителските објекти и целосната забрана за прием на гости и посетители, кои не се сместени во хотелите, согласно владината одлука за нови рестриктивни мерки за заштита на населението од ширењето на Ковид – 19 дополнително ќе ги зголемат и така големите штети што ги претрпува овој сектор, смета претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески.

Според него, ваквата одлука требало да се донесе неколку недели порано.

-Ова требаше Владата да го предвиди малку порано. Затворањето требаше да биде уште пред неколку недели. Но, сооглед на тоа дека прв пат се соочуваме со ваква пандемија и една година не работиме во нормални услови со полн капацитет, штетите во угостителството, вклучително и хотелиерството се огромни, вели Блажески.

Првиот човек на хотелиерите очекува дека секторот ќе биде помогнат со новите пакети мерки барем со плати за вработените, како што беше и досега.

-Се надеваме дека за вакви проблеми ќе има соработка со сите политички партии за носење вакви одлуки. Угостителството не е дејност од една политичка партија, туку дејност на државата, и носи приходи за сите. Од приходите што ги носи угостителството се делат и средства за избори и сличо. Наместо да го гледаме тоа и зајакнуваме неможе да носиме било какви намерни одлуки за штета. Сега сме ранети и ни треба помош, кога ќе закрепнеме помошта ќе се врати од тие што сме ја добиле, односно од државата, нагласи Блажески.

Тој спомена дека имаат олеснување и одложено плаќање на кредитите, како и за барањето за еднократна помош согласно претрпените загуби во 2020 година.

-Баравме еднократна парична помош за справување со другите трошоци, освен со платите соодветно, кој како плаќал данок. Да не биде некоја фирма отворена во 2020 да добие исто помош како некој што плаќал 10, 20… години данок кон државата. Завршните сметки се направени во однос на лани и може да се види по сите основи колкави се точно загубите и која фирма е најпогодена, посочи Блажески.

Хотелиерите, додаде, се обидуваат да ги задржат сите вработени во овие тешки моменти кога немаат приходи, а биле обврзни и за исплата на 13 плата. Посочи дека во државите од соседството вработуваат сезонски работници и потоа ги отпуштаат.

Претседателот на ХОТАМ очекува дека состојбата ќе се промени и веќе од мај ќе има подобрување во секторот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести