Четириесет и шест лица се хоспитализирани поради истекување на гас во хотел во канадскиот град Винипег.
Според канадските власти, најмалку 15 лица се во критична состојба.
Тимовите за итни случаи биле повикани по автоматскиот аларм во хотелот, каде што во времето на инцидентот ималo 52 лица, вклучувајќи го и персоналот.
Направените мерења од тамошните власти по инцидентот, покажале дека концентрацијата на јаглерод моноксид во хотелот била десет пати над нивото опасно по животот.