14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Хоспитализирана претседателката на Движење на промена, се повлекува од трката за лидер на грчката партијата

Најчитани вести

Претседателката на централно левичарската грчка партија Движење на промена (КИНАЛ) Фофи Генимата, е хоспитализирана во атинска болница и од здравствени причини се повлекува од трката за избор на лидер на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во 2008 година на Генимата ѝ беше дијагностициран рак на дојка и успешно се избори со болеста, а сегашните здравствени проблеми, според соопштението од болницата во која е хоспитализирана „се должат на повторување на нејзината основна болест“.

Претседателката на КИНАЛ, поранешно ПАСОК, преку „Фејсбук“, соопшти дека се повлекува од изборниот процес во партијата, што е закажан за 5 декември.

-Влошувањето на мојата здравствена состојба, кое бара хоспитализација и лекување, ме обврзува да не учествувам како кандидат во изборниот процес за избор на претседател на Движењето на промени. Како претседател до изборот на новото раководство, но и како пратеник потоа, мој приоритет останува единството и перспективата на партијата, напиша Генимата.
Сите политички сили во Грција, изразија поддршка за 57- годишната Генимата и ѝ посакаа брзо закрепнување и повторно да излезе победник во тешката битка, а според грчките медиуми, утрово во атинската болница ја посетил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com