30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Хорор-повреда на Толисо: Крај на сезоната, неизвесен и за ЕВРО 2022

Најчитани вести

Проблемите со повредени фудбалери во Баерн Минхен денеска станаа уште посериозни по тешката повреда што на тренингот на баварскиот гигант ја заработи Корентин Толисо.

Францускиот играч за врска настрадал без контакт со друг играч, жалејќи се на силна болка во ногата при обид за шут. Според првичните информации, станува збор за кинење на тетивата, за што ќе претстои пауза од околу шест месеци од фудбалските терени.

Ова значи дека Толисо дефинитивно нема да му биде на располагање на Ханси Флик до крајот на сезонава, а Французинот речиси сигурно нема да настапи ниту на претстојниот европски шампионат закажан за месец јуни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести