Home Регион Хорор несреќа во Грција – Британски турист усмртен од хеликоптерски перки пред очите на сопствената сестра

Хорор несреќа во Грција – Британски турист усмртен од хеликоптерски перки пред очите на сопствената сестра

by admin

Млад турист од Велика Британија загина по страшна несреќа на аеродромот во Спата, Грција.

Дечкото (21) пристигнал со сестра му и уште двајца туристи со приватен лет што го платиле неговите родители, од Миконос до Атина, пишува „Дејли мејл“.

Туристите биле во хеликоптерот и почнале да излегуваат пред целосно да запрат пропелерите на авионот. Младиот човек почнал да го обиколува хеликоптерот одзади и налетал на лопатките на роторот кои за неколку секунди го здробиле, пишува Дејли Мејл.

Хоророт се одвивал пред очите на сопствената сестра и уште двајца туристи, како и пред очите на вработените на приватниот аеродром. Зад нив слета уште еден хеликоптер, со нивните родители, а пилотот на првиот веднаш преку радио сигнализирал што се случило за да може вториот хеликоптер да продолжи да лета. Била повикана брза помош, но младиот човек не можел да се спаси.

На аеродромот ги чекале лимузини, па се претпоставува дека се работи за многу богато семејство, но не се соопштуваат повеќе детали за нивниот идентитет. Покрената е истрага за да се утврди зошто пилотот им дозволил на патниците да излезат пред да бидат запрени роторите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More