Home » Холивудските актери им се придружија на сценаристите во Њујорк во штрајкот за новите договори

Холивудските актери им се придружија на сценаристите во Њујорк во штрајкот за новите договори

by Lina Muslija

Холивудските продукции и промотивните турнеи се ставени во мирување на неодредено – додека актерите им се придружуваат на писателите во историскиот двоен штрајк. Со свирежи од автомобили во знак на солидарност им се придружија пред паркот Парамаунт Пикчрс во Лос Анџелес.

Претседателот на Алијансата на филмски и телевизиски продуценти, Фран Дрешер порача силата секогаш е во бројките.

Извршниот директор на Дизни, Боб Игер, предизвика револт кај актерите и писателите по изјава дека синдикалните барања се нереални.

Дел од лицата кои излегоа на протест држеа транспаренти адресирани токму до него. Медиумите се повикуваат и на други изјави според кои се тврди дека планот на студијата бил да чекаат писателите да штрајкуваат додека не ги загубат своите домови поради финансиски оптоварувања, а комичарот и сценарист Кит Лукас, номиниран за Оскар за ко-сценарио на „Јуда и црниот Месија“, ваквите забелешките ги нарече „потресни“ и „безобразни“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More