14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Холивудската „џебна Венера“ блесна во креација од македонски дизајнер – на граница на вулгарно, ги украла сите погледи

Најчитани вести

Пред 20-на дена холивудската актерка Ева Лонгорија го прослави 47-от роденден, но најдобар доказ дека оваа дама старее како и виното е тоа што годините за неа не важат ништо.

Таа вчера пристигнала во Њујорк, а кога се појавила пред присутните зрачела со убавина.

Актерката одржала промоција на својот нов поткаст „Connections with Eva Longoria“ во рамките на кој ќе се обработуваат теми како што се, духовност, пари, романтична љубов и родителство со различни влијанија на гостите.

А, на самата промоција таа се појавила во совршена модна комбинација, едноставна и ефектна, а истовремено била вистински магнет за погледните од присутните.

Ева избрала да носи црна маица со интересен крој и здолниште со два длабоки шлицови кои ги откриле нејзините затегнати и извајани нозе, а ова парче го потпишува познатиот дизајнер Тони Матичевски, инаку со македонско потекло.

Убавата 47-годишна актерка го надополнила модното издание со дискретен накит, а кога станува збор за фризурата и шминката тие биле класични.

Инаку, Ева неодамна проговорела и за фактот што се ближи кон шестата деценија од животот.

„Стареењето е неизбежно и се случува. Така што мислам дека не треба премногу да се борите против тоа. Стареењето го поврзувам со мудроста, искуството и зрелоста. Се потпирам на тоа. Имам различен пристап кон идеите на стареењето“, изјавила Ева за магазинот „Prevention“.

Погледнете повеќе креации од дизајнерот Тони Матичевски:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com