33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Холивудската актерка ја обнови љубовта со бизнисменот? Заедничките фотографии кажуваат многу

Најчитани вести

Холивудската актерка очигледно одлучила да ѝ даде нова шанса на својата стара љубов.

Американската актерка Џенифер Гарнер (49) ја обновила својата љубов со поранешниот партнер, бизнисменот Џон Милер, пренесуваат странските медиуми.

Поранешната сопруга на Бен Афлек наводно веќе неколку седмици е во врска со Милер, со кој што како што знаеме беше во врска од средината на 2018 година до летото минатата година кога ставија точка на својата љубов.

Тие сега биле фотографирани заедно, а тоа дополнително кажува дека парот ја обновил врската.

Како што тврдат извори блиски до парот, тие се повторно заедно:

„Сè започнало пред неколку седмици. Всушност, тие не престанаа да се сакаат сето ова време. Таа е толку многу среќна“, открил изворот.

Кога во август 2020 година парот раскина, извор близок до актерката изјавил дека Џен не била подготвена за брак додека Џон наводно сакал да ја запроси. А, тоа воедно била и причината за нивното раскинување.

Инаку, Милер како и Џенифер зад себе има еден пропаднат брак со Каролин која што му родила ќерка и син.

Тие се разишле во 2016 година, а две години подоцна разводот официјално бил направен. Постигнале договор за заедничко старателство над децата.

Набрзо потоа тој ја запознал Џенифер која што веднаш го воодушевила:

„Беа во слична ситуација. И двајцата штотуку беа разведени и двајцата имаа деца со кои што обожуваат да го минуваат времето. Тие се идеален пар и убаво е тоа што одлучија да си дадат шанса поради тоа што ја заслужуваат. Џен го воодушеви Џон кој што е вистински џентлмен и ја чува како капка вода на дланка. Заслужува таков маж“, изјавил извор за „Hello Magazine“. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести