Софија е една од дамите која не старее, односно како што годините одминуваа таа не се менува, а тоа го докажуваат и нејзините стари фотографии со кои неретко се фали на социјалната мрежа Инстаграм.
Така неодамна таа со следбениците споделила фотографија од 90-те на која позира на плажа во Мајами во црно бикини и во предизвикувачка поза која ги истакнува нејзините атрибути.
Латино заводничката добила многубројни допаѓања и комплименти, а многумина се согласни дека и денес изгледа идентично иако оттогаш поминале речиси 30 години.
„Најубавата жена, и натаму изгледаш прекрасно“, „Каква кралица“, „Ти не старееш“, „Кога сите би старееле како тебе“, „Воопшто не си се сменила“, биле само дел од коментарите.