24.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Холандското кралско семејство веќе нема да се вози во златна кочија

Најчитани вести

Членовите на кралското семејство во Холандија ќе престанат да ја користат златната кочија со која се возат со векови, поради нејзината поврзаност со ропството, објави кралот Вилем-Александер. Ова доаѓа откако некои критичари укажаа дека една страна од кочијата е украсена со слика која го слави колонијалното и освојувачко минато на земјата. Вилем-Александер призна дека кочијата е навредлива за голем број луѓе и ја повика земјата да се соочи со своето колонијално минато.

Контроверзната слика на кочијата е наречена „Посвета на колониите“. Таа прикажува црнци и Азијци, од кои е еден клекнат, и кои ѝ даваат подароци на бела млада жена која седи, а која на сликата ја симболизира Холандија.

Во златната кочија никој не се возел од 2015 година и оттогаш е изложена во Музејот на Амстердам. Таа се користеше да ги превезе холандските монарси на отворањето на парламентот.

Лани, градоначалничката на Амстердам, Фамке Халсема, се извини за улогата на градот во трговијата со робови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com